Првата книжарница Табернакул беше отворена во Скопје, во 1991 година и беше лоцирана во зградата на МОБ. Таа беше сврталиште на сите градски љубители на уметноста и има култно место во развојот на културниот живот во градот.

Од 1999 година, книжарницата е преселена на денешната локација, до Театарот за деца и младинци.

Бројот на наслови со кои располага книжарницата се движи меѓу 10 и 15 илјади. Опфатени се изданија од домашни и странски издавачи, а има и дел за антикварни книги.

Во книжарницата се одржуваат промоции, изложби и средби на писателите и читателите.

Табернакул е првата приватна издавачка куќа во Република Македонија, основана 1989 година. Денес е една од водечките издавачки куќи во Македонија. Нејзина главна ориентација е објавување на дела од областа на книжевноста, филозофијата, теологијата, како и од историјата на нашата култура и уметност. Од 1998 година Табернакул започнува со издавање учебници за основно, а потоа и за средно образование. Со изборот на авторските тимови, нивниот пристап и со новиот графички дизајн, Табернакул се обидува да воспостави нови, повисоки стандарди во македонското учебникарство.

Печатницата Табернакул постои од 2010 година.Создадена е како резултат на долгогодишното тежнеење на истоимената издавачка куќа кон повисок квалитет, пониски цени и пократки рокови.Постоиме само 2 години, но благодарение на стручните лица кој работат и технологијата со која располагаме можеме да се пофалиме со производи кој се одликуваат со висок квалитет, пристапна цена и сето тоа во разумен временски рок.Константно работиме на доусовршување на вработените како и воведување нови посовремени технологии, се со цел да понудиме подобар и попристапен производ.Печатницата Табернакул, поткрепена е со 20 годишното искуство на издавачката дејност, која се заснова на традиционалните вредности како: доверва, искреност и почит. Во оваа насока се развива и печатницата преку која се стремиме секогаш да го понудиме најдоброто решение на нашите клиенти. Целосно сме посветени кон воспоставување, одржување и постојано подобрување на интегриран менаџмент систем за квалитет и животна средина согласно барањата на стандардите ИСО 9001:2008 и ИСО 14001:2004


КНИЖАРНИЦА

Димитрија Чуповски 4, 1000 Скопје

+389 2 3133 058

knizara@gmail.com



ДИРЕКЦИЈА
ИЗДАВАШТВО

Христо Татарчев 11, 1000 Скопје

+389 2 3115 329

contact@tabernakul.com.mk

tabernakul.mk@gmail.com

ПЕЧАТНИЦА

Борис Трајковски 75, 1000 Скопје

+389 2 27 28 324

tabernakulprint@gmail.com



КАРТОНАЖА

Тодосија Паунов - 36, 2300 Кочани

+389 33 27 17 22

tabernakulpackaging@gmail.com



ДИД Табернакул картонажа – Кочани е компанија која поседува сопствена линија за производство на брановиден картон и амбалажа.Следејќи го трендот на пораст на потребите за еколошка амбалажа (картон и картонска амбалажа), професионализмот и менаџерскиот потенцијал за краток период на компанијата ѝ овозможуваат високи резултати во областа на преработка и пласман на брановидна хартија, картон и картонска амбалажа.

Меѓународната книжевна награда „Табернакул“ е востановена во 2012 година. Покровител на наградата е Премиерот на Република Македонија. Целта на оваа книжевна награда е да се промовираат најзначајните, светски признати книжевни вредности на македонски јазик, како и да му се покаже на светот дека Македонија е земја со долга книжевна и културна традиција која сака да покаже особена почит за сите книжевни и културни глобални достигнувања денес.Намерата ни е да ја доделуваме оваа награда секоја година на двајца најистакнати светски познати писатели (поети, романсиери, автори на раскази, драмски писатели, есеисти). Комисијата што ги одбра првите добитници се состоеше од истакнати македонски автори: Ферид Мухиќ, професор по филозофија, филозоф и поет, Горан Стефановски, професор по драмски уметности и познат европски драмски автор, Цветан Враживирски, издавач, сопственик на Табернакул и поет и Венко Андоновски, професор по книжевност, романсиер и драмски писател. Добитниците на наградата од претходната година учествуваат во изборот на следните добитници.


MKD/ENG